Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на претседателот на опозицијата Венко Филипче за банкарските кредити за стопанството, изјави:
„Па јас понекогаш се чудам на изјавите од опозицијата и имам чувство како некој намерно да го мести, тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување и благодарности.
Само од него успеавме да слушнеме критика, немам што да коментирам, можам да го посоветувам дека што побргу расчисти кај него во неговите советнички тимови, толку подобро ќе биде, и ќе биде и за државата подобро, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна опозиција.
Затоа што ваков тип на пораки, сега ние мораме да ги коментираме бидејќи сепак станува збор за најголема опозициска партија, но навистина се чудни. Еве, во најмала смисла се чудни.“