Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа како поминал протестот вечерва пред Влада. Тој истакна дека имало 1.000 возила, и дека имало луѓе од различни партии, но и неопределени кои сакале да го искажат својот бес кон Заев.
„Јас колку што можам да видам, имаше од Левица, и забележав голем број неопределени граѓани кои го чувствуваат својот бес денеска, разочарани од политиките на Заев, а тоа беше она понижувачко интервју“, рече Мицкоски.
Мицкоски од пред Владата побара оставка од Заев со пораката: „Оставка на Заев, слобода на народот“.
