Мицкоски ја поддржува идејата на Сиљановска-Давкова: Освен пратениците и министрите и претседателот да имаат само македонско државјанство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ја поддржува идејата на претседателката на Републиката, Гордана Сиљановска Давкова, дека покрај пратениците, двојното државјанство треба да се забрани и за извршната власт, имено за министрите, но и за претседателот.

Мицкоски рече дека тој лично има само македонско државјанство.

„Ако правните експерти, уставно-правните експерти велат дека нема проблем, тогаш јас апсолутно го поддржувам тоа. Јас немам двојно државјанство, ниту пак имам намера да имам двојно државјанство. Моето државјанство е Македонско, и нека се прошири ако законот и Уставот го дозволуваат тоа“, рече Мицкоски.