Мицкоски ја повика Левица да се придружи на ВМРО-ДПМНЕ, за како што велат пораз на СДСМ и ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има како цел е да ја порази оваа неспособна власт на СДСМ и ДУИ и секој кој ја има истата цел е добредојден. Еве уште една прилика за  јавен повик кон сите да се придружат кон оваа иницијата да ја победиме оваа неспособна власт, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување на телевизија Сител.

Мицкоски укажа дека овој повик се однесува и на раководството на Левица.

„Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт“, рече Мицкоски.

Според него обединет опозициски блок буквално ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.

„Левица рече на изборите ќе одат само со листи за советници и ако одат така може да разговараме за мнозинство во општините во советите, а претходно може да разговараме за поддршка за кандидати за градоначалници на опозицијата, без разлика од кои партии  дали ќе се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива или заеднички“, кажа Мицкоски.