На синоќешното гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21, премиерот Христијан Мицкоски зборуваше на сите актуелни теми.
На крајот од емисијата тој кажа дека предвремени парламентарни избори оваа година ќе нема.
„Цело време зборувам колку лоши работи ги наследивме и колку работи треба да се направат и колку реформи треба да се направат да биде подобро. И сега да кажам дека се подготвуваме за парламентарни избори и да потрошиме пола година живот на нашите граѓани“, изјави Мицкоски.
Претходно во емисијата, за средбата со Али Ахмети и за тоа дека дал ветување дека ќе има предвремени избори, па потоа се повлекол, кажа дека не би се повлекол затоа што на ВМРО-ДПМНЕ му одговара да има предвремени избори.
Мицкоски зборуваше и за „Сејф Сити“ во бројки, кажувајќи дека новиот систем ги намалил бројките на загинати и на сообраќајни несреќи.
Целата емисија „Клик Плус“ на која гостуваше Мицкоски, може да ја видите на слендото видео:
