Мицкоски: Кратењето на плати требаше да почне од високите функционери, а не од работниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција истакна дека мерката која ја предлага претседателот на СДСМ Зоран Заев за намалување на платите, требало да почне од високите функционери.

„          Со економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и стратешките соработници ги анализиравме мерките кои ги предложи СДСМ и Зоран Заев, и можам да кажам дека сме вистински загрижени дека и нема вистински план, а државата и стандардот на граѓаните е пред нова опасност за колапс.

          Дополнително загрижувачки е што народниот буџет, значи располагањето на народните пари се крои во партиски штаб, и се одлучува за нашите, вашите пари, а потоа и се наложува на владата што да прави. Без притоа да се слушнат аргументите на економскиот тим, експертите, професорите, искусните економисти кои се ставени во функција да бидат декор на уште еден пи-ар настан на Зоран Заев.

          На почеток морам да кажам дека голем дел од мерките се задоцнети, недоволни, и нема да бидат она нешто што му треба на стопанството. Три години не убедуваа дека блескаме, три години не убедуваат дека буџетот е во добра кондиција, а касата за која велеа дека е полна не издржа ниту три недели.

          Ќе бидам отворен како и секогаш, Заев со овој план се обидува неспособноста на владата да ја плати со трудот на работниците на кои ќе им крати драстично плата. Одеднаш недостижните 500 евра просек плата се сведоа на 230 евра. И кога би било во други околности ова сигурно би се нарекло грабеж.

          Мерката за драстично кратење на платите преставува сериозен, повторувам сериозен удар за стандардот на вработените. И ова кратење требаше првенствено да започне од министрите, замениците министри, директорите, градоначалниците, именуваните функционери, а не во ист кош да се ставаат кога треба да има кратење на платите функционерите и работниците.

Вработените во администрацијата ги немаат привилегиите на функционерите на власта, ама сега со предлогот на Заев ќе ја имаат истата плата од 14.500 денари. Голем дел од овие луѓе имаат кредити, и не може да зависат од милоста на банките и несериозноста на Заев. Ништо не сме постигнале ако се скратат нивните плати, а се надеваме банките да ги замрзнат ратите. Практично се руши нивниот стандард и нема да излеземе од криза ако ги казниме работниците.“, рече Мицкоски и додаде:

„Бараме Заев итно да се повлече од предлогот за кратење на платите работниците во администрацијата, и да не удира по стандардот на граѓаните. Така нема да се реши кризата, туку ќе се продлабочи.

          Воедно ќе посочам дека и останатите мерки на Заев наменети за бизнисот се аматерски и недоволно добро обмислени, и нема да го дадат посакуваниот ефект. Тоа е далеку од вистинските потреби на стопанството.“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.