Мицкоски: Малкумина корумпирани судии и обвинители се последниот бастион на криминалците, и нив ќе ги поразиме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на прославата на роденденот на партијата во Струмица, испрати порака до сите кои сториле криминал, ќе бидат поразени. Тој кажа дека во последните две години се приведувале различни поранешни и сегашни високи функционери.

„Не’ обвинуваат дека сме имале пакт со минатата влада, и затоа не сме ги апселе. Минатите две години се изведоа пред лицето на правдата врховни судии, обвинтели, претседатели на совет на обвинители, поранешни вицепремиери, министри, директори и сето тоа помина без да влегуваат на нивните домови пред очите на нивните најблиски и деца. Тоа го правиме за да не биде понижен никој, но сакам да испратам јасна порака од Струмица. Ќе ги гониме каде и да се, со криминалот и криминалците пакт и сојуз нема. Затоа се немирни, затоа се нервозни. Последниот нивниот жилав бастион се малкумина корумпирани судии и обвинители, и ќе ги поразиме од прв до последен“, рече Мицкоски.