Вечерва на гостување во Радио Телевизија Косово, премиерот Христијан Мицкоски, вели „јас сум малку пооптимиста, јас мислам дека имаме повеќе од 80 пратеници“.
-Разликата во рејтинзи е 5 спрема 1. Оваа Влада добила повеќе од 600 илјади гласови на изборите пред 6 месеци целосен легитимитет. Вие велите 78 пратеници, јас сум малку пооптимиста, јас мислам дека имаме повеќе од 80 пратеници. Сега јас велам не е проблем да одиме на избори, утре да одиме, задутре исти ќе бидат бројките, можеби и полоши, вели Мицкоски, пренесува ТВ21.