Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК. Тој на својот фејсбук профил напиша дека на средбата разговарале за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите.

„Денес остварив средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

На средбата разговаравме за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.

Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати.

Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат оддржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки!“ – напиша Мицкоски.