Инцидент во Тетово. 28 годишен маж нападнал со остар предмет малолетник (17) бидејќи одбил да има сексуален однос со него. Случајот се случил во работилница во Голема Речица. Врз основа на сликите 17 годишниот малолетник се здобил со тешки повреди во пределот на вратот и десното уво. По пријавата во полиција, 28 годишникот е приведен и му е одредена мерка 30 дневен притвор.
„На 28 септември 2024 припадници на СВР Тетово го лишиле од слобода лицето Л. Ј. 28 годишен од Тетово кој претходно бил пријавен од еден малолетник дека во работилница во Тетово му нанел тешки телесни повреди со остар предмет. Врз основа на сомнежите станува збор за обид за убиство и истиот е лишен од слобода и по претходна постапка е испратен пред судија за овој предмет каде му е изречена мерка притвор од 30 дена“, вели Фатмир Реџепи.
Од обвинителството во соопштение велат дека осомничениот по извршување на делото избегал со мотоцикл, кој подоцна е пронајден. Поради ризикот од повторување на делото побаран е притвор.
„ОЈО во Тетово издало наредба за поведување истражна постапка против едно лице за кривично дело “убиство од член 123 параграф 1 во врска со член 19 (во обид) од КЗ , 28 годишниот осомничен за 26 септември во една фабрика во село Голема Речица, намерно се обидел да му го одземе животот на 17 годишник нанесувајќи му посекотини со нож на вратот и десното уво. Жртвата успеала да избега а осомничениот избегал од местото на настанот со скутер“, велат од Обвинителство.
ТВ21 обезбеди разговор од социјалните мрежи каде осомничениот од малолетникот бара средби за сексуални односи, но малолетникот постојано го одбивал.