Мицкоски: Над 44.000 ваучери за студенти се веќе искористени – 1 милијарда денари влезени во економијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

При денешната посета на Тетово, премиерот Христијан Мицкоски изнесе податоци за искористеноста на ваучерите за поддршка на студентите.

„Отприлика 45.000 до 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти од нив се искористени, што значи дека околу 44.500 ваучери веќе се применети“, истакна Мицкоски. Тој додаде дека тоа директно внело приближно една милијарда денари во економијата.

Премиерот нагласи дека во изминативе дваесетина месеци Владата ги регулирала сите односи со структурите на општеството кои бараат поддршка, вклучително студентите. Тој посочи дека во овој период биле покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и се обезбедуваат електронски уреди за студентите.