До 14:00 часот денеска се регистрирани вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 1 е изгаснат.
Активни пожари има во:
Општина Гази Баба, кај с. Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума.
Општина Липково, кај с. Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито.
Изгаснат е пожарот во:
Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“, каде горела ниска вегетација.
