Мицкоски најави: Нова германско-белгиска инвестиција, ќе бидат вработени 110 наши граѓани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави и најави нова инвестиција. Според него, станува збор за германско-белгиска инвестиција која ќе произведува елементи од автомобилската, железничката и здравствената индрустрија, и ќе биде лоцирана во Петровец.

„Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања“, стои во објавата на Мицкоски.