Array

Мицкоски: Не ми дозволија да го видам Миле

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Залудни беа обидите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за да го посети Миле Јанакиески кој денеска беше префрлен во болницата “8-ми септември” откако во затворот Шутка се случила физичка пресметка.

“Не ми дозволија да го посетам Миле Јанакиески, никој не дојде да ни каже што се случува. 50 полициски сили имаше пред собата на Миле, чекавме директорот да добие насока од неговиот шеф Зоран Заев да ни каже, да ни го оправда ова. Докторот ни кажа дека Миле има телесни повреди по телото”, рече Мицкоски.