Христијан Мицкоски за време на одбележувањето на АНБ, коментираше за прислушувањето на високи функционери и новинари од страна на екс директорот и раководители на АНБ.
„Не сум изненаден од прислушувањето од АНБ. Тоа се случуваше и кога бевме во опозиција. Да оставиме Обвинителството да ја заврши истрагата. Овој така да го наречам полусвет, немал со што, па се занимавал со туѓите животи. Јас лично очекувам овие глодари да завршат каде што им е местото, зад решетки и еднаш засекогаш да завршиме со нив на политичката сцена“, вели Мицкоски.
