Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Македонија е најнапредна земја во спроведување на реформите. Тој кажа дека чувствува одговорност исклучиво пред граѓаните, кои ја даваат поддршката на владините политики и испорачување на она што еветено.
„Ние сме најпредната држава во регионот во спроведување на реформи. Промена на Уставот и прифаќање на она што го прифати минатата Влада, според мене, не е реформа. Ставот наш е јасен и прецизен. Граѓаните очекуваат оваа Влада да го заштити македонскиот национален идентитет, а ние токму тоа го правиме. И нема да правиме отстапки по никоја цена“, изјави Мицкоски од Охрид.
Мицкоски кажа дека граѓаните ќе го кажат судот на избори, па тие ако сметаат дека згрешил, актуелната власт ќе замине во опозиција, а тој ќе се повлече од политиката.
