Мицкоски: Ниту една држава во светот нема само електронско учење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја осуди министерската за образование и наука, Мила Царовска поради законот за образование. Како што рече имала желба за подлабоки џебови, а со тоа ќе ги уназадела децата.

„Ниту една држава во светот нема денеска само електронско учење, туку има и хартиена форма на учебници. Електронското учење не е реформа, туку интерактивна апликација. 25.000 деца немаат допир до компјутер. Како тие ќе имаат настава на овој метод кој го замислила Царовска?, вели Мицкоски.

Додаде дека тој и неговата партија ќе ги врателе учебниците и ќе барале одговорност.

„Ќе ги изгубат изборите и првата реформа која ќе ја направи ВМРО-ДПМНЕ е повторно враќање на учебниците, а за ова ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и несовесно трошење на народни пари. Ова е осакатување и уназадување на децата. Не се должни да ја трпат желбата за подлабоки џебови на власта“, потенцираше Мицкоски.