Мицкоски: Новата Клиничка болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата останува на ставот новата Клиничка болница во Скопје да се гради на платото кај базенот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.

Тој посочи дека земјиштето е во приватна сопственост и дека се водат преговори со сопственикот за размена на земјиште, изразувајќи задоволство од досегашниот тек на разговорите.

Според Мицкоски, новиот клинички комплекс ќе биде поврзан со болницата „8 Септември“ преку подземен тунел, а во него ќе бидат интегрирани и ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“.

Премиерот најави и продолжување на проектите за изградба на Клиничката болница во Штип, заедно со медицински факултет и студентски дом, како и на Клиничката болница во Тетово и здравствениот дом со проширена дејност во Кичево.