Мицкоски: Новиот државен јавен обвинител да ги расчисти предметите од фиоките и да биде генератор на правда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години, како што рече, стоеле во фиоките без разрешница.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека првиот чекор на новиот обвинител треба да биде темелна ревизија на сите отворени и затворени случаи.

„Таму каде што нема кривично дело и нема докази, предметите треба да се затворат. Таму каде што има дело и докази, треба да се формира случај и да се предаде до судот“, рече премиерот.

Тој нагласи дека по доставувањето на предметите, на судот е да одлучи дали ќе започне или нема да започне судска постапка, согласно законите.

Мицкоски изрази очекување новиот државен јавен обвинител да ја извршува функцијата независно и професионално, со јасен фокус на владеењето на правото.

„Очекувам да биде заштитник на правото и генератор на правда. Тоа е она што го очекувам од новиот државен јавен обвинител“, порача премиерот.