Мицкоски очекува од понеделник поевтинување на дизелот за 7 денари, на бензините за 4 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави драстично намалување на цените на горивата од понеделник, кога Регулаторната комисија треба да ги соопшти новите цени.

Мицкоски кажа дека очекува по стабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток, цените да паднат за 4 денари за бензините, и за 7 денари за дизелот.

„Мерките во принцип завршија, со оние најави на условно кажано постигнатиот договор кој начелно го имаат завојувани страни во заливот, во случајот САД и Иран, и денеска продолжуваат конечни преговори за финализација на тој договор, ценам дека на овој начин и пазарот ќе се стабилизира. Сакам да имаме предвид дека Ормутскиот теснец и денеска да се овори, танкерите кои ќе тргнат треба еден месец да стигнат, така што и тоа процес. Но имајќи во предвид сите овие аспекти, и на мировна маса се и Израел и Хезболах, очекувам да се заокружи оваа криза, и да влеземе во помирни води со цената на нафтата. Малку е зголемена и вредноста на доларот, но очекувам во понеделник цената на бензините да се намали околу 4 денари, а кај дизелот очекувам нешто повеќе, односно 7 денари“, изјави Мицкоски.