Премиерот Христијан Мицкоски од Минхенската безбедноста конференција учествуваш на тркалезна маса „Отворена врата или отворен крај?“ – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“. Тој рече дека на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина.
„Денес на Минхенската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса “Отворена врата или отворен крај?- Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ.
Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина.
Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани“, напиша Мицкоски.
