Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Брисел учествуваше на Самитот за проширување на ЕУ, од каде испрати порака дека Македонија и по две децении, и натаму е на истата стартна линија, и покрај бројните отстапки како промените на Уставот, името, знамето…
„На Самитот за проширување на ЕУ во Брисел, организиран од Еуроњуз, говорев за почетоците на европскиот пат на Македонија, пат што трае повеќе од 25 години. Потсетив дека и по две децении се уште сме на истата стартна линија, не поради неисполнување на Копенхашките критериуми, туку и покрај бројните отстапки кои ги имавме како промена на Уставот, уставното име, знамето и многу други чекори.
Нашето убедување останува исто, местото на Македонија е во Европската унија. Тој пат ќе продолжиме да го чекориме, но пред се мора да си ја завршиме домашната задача, да обезбедиме подобар животен стандард, посилна економија и перспективи што ќе им служат на нашите граѓани“; напиша Мицкоски.
