Мицкоски од Тиват: Процесот на проширување на ЕУ е жив, и ние тој процес треба да го сочуваме без да го загубиме достоинството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тиват порача дека процесот на проширување на ЕУ е жив, и дека сето тоа мора да се искористи. Патем, кажа дека Македонија треба да напредува на патот кон ЕУ, но притоа без да го загуби достоинството.

„Треба да бидеме трпеливи. Сепак, ова се моменти кога Европската Унија, односно Европскиот совет, јасно покажува дека процесот на проширување повторно станува жив.

Нашата задача како Влада е да го зачуваме тој процес, да продолжиме да напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството. Во минатите децении, кога стануваше збор за македонските аспирации за членство во Европската Унија, честопати сведочевме на поинаков пристап.

Затоа нашата цел е да останеме држава што испорачува најмногу реформи, да останеме фокусирани на процесот на проширување и истовремено да го сочуваме националниот интерес.

Секако, уставните измени беа прифатени од претходната Влада и тие беа тема на разговорите. Но нашиот став е јасен – заслужуваме многу повеќе од тоа политички медиокритети да ни ја креираат европската судбина.

Верувам дека голем дел од земјите членки на Европската Унија го разбраа тоа.“, рече Мицкоски.