Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите најави лимитирае на цените на производите кои се најпотребни за успешен старт на учебната година.
„Лимитирање на цените на производите кои што се најпотребни за да имаме успешен старт на учебната година, но и периодот после летниот одмор да го поминеме. Се надевам дека во текот на денешниот ден таа анализа ќе биде готова, и ќе излеземе со предлог мерка на утрешната владина седница“, порача Мицкоски.
Според него, се подготвуваат да го олеснат трошокот за родителите.
