Мицкоски од Велес: Проектите носат резултати, се гледа и во економската активност на македонските компании

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот Марко Колев, поставија камен-темелник на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес.

„Еве денеска можеме и двајцата заедно со велешани да посведочиме дека голема работа е завршена, од ова што можеме да го видиме подготовката е направена. Моето искуство вели кога подготовката е добро направена, тоа значи 90% завршена работа“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека, доколку работите се одвиваат според планираното, при крајот на првата половина ќе може да се пушти овој објект во употреба, за велешани да може да го користат и да уживаат во новиот плоштад.

„Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме проекти низ општините се разбира, очекуваме првиот и вториот повик конечно оваа година еве да речеме делумно и почетокот на следната година да биде завршен. Преку ЗЕЛС општините имаат инструкција да подготвуваат проекти за следната година“, посочи Мицкоски.

Тој оцени дека овие проекти носат резултат, што, според него, се гледа и во економската активност на македонските компании. Воедно, премиерот оцени дека било правилна одлука кога биле избрани како Влада веднаш да започнат со реализација на овој проект.