Мицкоски од Виена: Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски е во посета на Виена. Тој таму имаше средба со австрискиот канцелар Кристијан Стокер.

„Клучната порака е дека Европа се наоѓа во пресуден момент кога мора да избере дали ќе реагира на кризите или активно ќе ги обликува правилата. Во услови на неизвесност, енергетски предизвици и економски притисоци, зборовите не се доволни, потребни се конкретни одлуки и дела.

Нашата определба е јасна.

Да градиме економија што создава, а не само троши.

Да градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност.

Да градиме систем во кој работата се исплати, а довербата има вредност.

Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби. Европа нема да биде стабилна ако нејзините периферии останат несигурни. Европа нема да биде конкурентна ако нејзините економии не растат заедно.

Затоа ова е прашање на билатерална соработка. Но, ова е прашање и на заедничка одговорност. Ние сме подготвени да ја преземеме таа одговорност. Подготвени сме да работиме. Подготвени сме да носиме одлуки. Подготвени сме да испорачаме резултати.

И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација“, изјави Мицкоски.