Утре ќе се одржи лидерската средба меѓу Премиерот Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со истиот став за уставните измени.
Од СДСМ се надеваат дека Мицкоски ќе ги прифати уставните измени бидејќи, како што велат, тие се единствениот начин за патот кон ЕУ.
Мицкоски го обвини премиерот Димитар Ковачевски дека за секоја средба чека зелено светло од Али Ахмети.
Средбата ќе се одржи утре во 11 часот во клуб на пратениците, а како што најави премиерот Ковачевски, фокусот ќе биде на две теми, имплементација на одлуките за евроинтеграциите на земјата и втората ќе биде активностите на сите политичари во Македонија во врска со односите со соседите.
