Мицкоски: Ова е циркус, а граѓаните плаќаат прескапа карта – договор има и завршен чин ќе има во петок

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев единствен кандидат за претседател на СДСМ

До денеска до 16 часот, само актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев, поднел кандидатура за нов мандат како претседател...

Левица со протестно писмо до Шпанската амбасада во Македонија

Партијата Левица упати протестно писмо до Шпанската амбасада во Македонија. Причината е поради одредена затворска казна за раперот Паоло...

Филипче: Состојбата со доктор Јота е стабилна во моментов

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил ја соопшти состојбата со дигестивниот хирург, доктор Ѓорѓи Јота. Тој...

Маричиќ: Голем ден за правната држава и владеењето на правото

Ова е голем ден за правната држава и за владеењето на правото, вака министерот за правда Бојан Маричиќ го...

Една година од првиот случај со коронавирус, од тогаш 90.685 позитивни пациенти, 3.111 починале

Помина една година од првиот регистриран случај со Ковид 19 во Северна Македонија. Првата заразена пациентка беше 50 годишна...

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го коментираше случајот Мијалков, односно после неговото пријавување во обвинителството.

„Ова е веќе циркус. Направија веќе циркус од државата. Заев доста е. Човекот ве гледа во очи и нема гајле. Си играат мајтап и мака си немаат. Совршено јасно дека има договор. Прво да избега, па да се врати. Со шамар за полицијата и со сите институции. Остануваше иште да му се извинат. Бидејќи тој им се извини.

Тешка хаварија за само неколку десетици часови. Го упропастија системот и поплукаа по правдата. Наводно жестоко го притиснал и го натерал бегалецот на правдата.

Доброволно бегалецот се прошета пред камерата на провладина телевизија. Полиција нема, ама камера има. Наместо во суд, куќен притвор доби во обвинителството. А, Вилма рече дека истрага за бегство ќе нема. Апсолутно се е јасно. И двајцата рекоа дека имаат температура. Тие можеби имаат, но народот нема.

Ве гледам во очи и ви велам правда ќе има кога двајцата ќе бидат таму каде заслужуваат – во затвор. Сето она што се трудеше Заев да го докаже, дека инстируциите функционираат, излегува дека навистина Економист бил во право кога вели дека Македонија е во хибриден режим.

Сите плаќаме прескапа карта за циркусот кој ни го сервираат. Затоа што си играат со нашите судбини. Затоа да му ставиме крај на овој режим. И ќе го собориме. Владата се клати, виси на конец, и доаѓа крајот“, рече Мицкоски.