Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите порача дека штетите од синоќешното невреме ќе бидат утврдени и согласно законските процедури и досегашната практика ќе бидат надоместени од надлежните институции.
Како што вели, Владата има механизми за помош како и при секоја елементарна непогода.
„Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на ноќта, веднаш по невремето што го зафати Скопје беа на терен и заедно со надлежните институции ги санираа штетите. И денес ќе продолжат со активности, бидејќи станува збор за епско невреме. Подготвеноста и мотивацијата од нивна страна беа на високо ниво. Штетите ќе бидат констатирани и, согласно законските процедури и досегашната практика, ќе биде од надлежните институции рефундирано – изјави Мицкоски.
