Мицкоски: Партии од власти сакаат да ни се приклучат – средба со Ковачевски не мора да има, можеме и телефонски да разговараме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека неколку партии пред изборите сакале да се приклучат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Иако не кажа кои се тие партии, тврди дека се дел од владејачкото мнозинство. Вели дека од овие партии се очекува прво да ја прифатат програмата и платформата на партијата.

Па има, има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта покажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија. Очекуваме да ја прифатат програмата и платформата која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ“, вели Христијан Мицкоски.

Во врска пак за најавената средба со премиерот Ковачевски околу изборите и техничката влада рече дека можат тоа да го завршат и само со телефонски разговор.

„Па немаме досега закажано средба, во периодот што следи, ќе видиме дали, може тоа и телефонски да се реши не мора секогаш средбата да биде алатка преку која што ќе се разговара“, порача Христијан Мицкоски.

Запрашан за тоа кој ќе биде кандидат за претседател, рече дека за тоа ќе се знае во втората половина на февруари а дека довербата ќе биде дадена на оној кој ќе има најголема поддршка според внатрепартиските анкети а потоа на конвенција делегатите ќе го изберат кандидатот.