Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокусот е на ефикасноста на институциите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи биле во фокусот на денешниот состанок посветен на Реформската агенда, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски посочи дека успешното спроведување на реформскиот процес бара координиран пристап од институциите, јасно дефинирани цели и конкретни чекори за подобрување на нивното функционирање.

Тој нагласи дека Владата продолжува со активности насочени кон реализација на реформите, кои, како што посочува, се од особено значење за економскиот развој, владеењето на правото и поефикасното функционирање на институциите.

Според Мицкоски, крајната цел на реформските процеси е и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

„Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните“, наведува премиерот.