Мицкоски: Протестираме против судството од тефтерчињата, трас-трас, Сваровски и Луи Витон – тие не се решение за иднината на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека нема европска иднина со судството од тефтерчиња, трас-трас судството, Сваровски и Луи Витон како што вели тој.

„Токму против тоа протестираме ние. Ние заслужуваме подобро општество. Ние имаме капацитет за подобро општество од ова сега. Не било сјајно ниту тефтерчињата, ниту Сваровски. Но, денеска по лошо од Луи Витон и ова трас-трас судство никогаш не било“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5.

Мицкоски вели тие ѝ предложиле на Власта предметите кои се отворени од страна на СЈО во законскиот рок да продолжат со работа, а сите останати да бидат само како индиции, но лидерот на ДПМНЕ вели дека ова не било прифатено.