„Мицкоски растел со гурабии и бисквити“ – Ахмети до Мицкоски: Збор по збор, почнува бељата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камен на камен, кале, збор по збор, беља. Вака рече лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа на централниот митинг на ЕФ. Коментирајќи ги повиците на ВМРО-ДПМНЕ за освојување 61 пратеник на изборите, Ахмети вели дека Мицкоски е уште млад и уште пие млеко.

Христијан Мицкоски порасна со гурабии. Христијан Мицкоски порасна со колачиња. Пораснав во  камена кула која три пати беше запалена од напаѓачите. Христијан, мојот народ вели, камен на камен станува тврдина, збор по збор,  беља, не почнувај беља! Не тргнувајте со неволји и мерете си ги зборовите затоа што сте млади и уште имате полна уста со млеко“, порача Али Ахмети.

Овие зборови на Ахмети предизвикаа еуфорија кај присутните. Почнаа да извикуваат ОНА, ОНА. Им се приклучи и самиот Ахмети.

Не недостигаше и одговорот од Мицкоски. Вели дека заканите на Ахмети не го плашат туку го смеат. Вели дека овие закани доаѓаат од лице пред пензија, додека Ахмети вели дека колачињата и млекото ќе му застанат во грло.

Важен му бил на Али мојот оброк од детството, хммм…, чудно, па се обидува заканите преку вицови да ги испрати. Ќе му одговорам! Мојот оброк Али во детството го печалеа моите родители со многу љубов и жртва да ме израснат и воспитаат во личност која ќе почитува и ќе се бори за својата Македонија. Ја разбирам нервозата и паниката бидејќи за прв пат сте прочитани и пред пораз. Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001ва, туку 2024та, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат…“, вели Христијан Мицкоски.

Пораките на Ахмети предизвикаа реакција и од Стојанче Ангелов,претседател на партијата Достоинство, дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Ангелов му испрати порака на Ахмети да внимава со своите закани бидејќи, како што вели, Мицкоски не е сам.