Мицкоски се надева дека ќе добијат 61 пратеник – ВМРО-ДПМНЕ ги претстави имињата за техничка Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Следните 100 дена се суштински за да има кредибилен изборен процес, беше пораката на Христијан Мицкоски на  партиската  дебата на која беа претставени петмината  кои ќе седнат во  техничката влада, кои, како што рече Мицкоски, ќе се обидат да работат „поинаку“ од тие кои што беа до сега.

Министер за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, кој изјави дека  МВР е нефункционално. Тврди дeка првиот чекор што ќе го преземе е одложување на рокот на патните исправи.

Елена Петрова како предложен заменик министер во Министерството за финансии вели дека со сегашната стапка на раст на Бруто домашниот производ ќе бидат потребни 60 години за да се достигнат стандардите на ЕУ.

Според Мицковски, лидерите на СДСМ и  ДУИ сакаат да го девалвираат капацитетот на петте кандидати предложени за техничката влада, но како што додаде, и да ги собере сите заедно, тие не вредат колку еден од предложените кандидати од ВМРО-ДПМНЕ.