Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за РТК зборуваше за челниците на ДУИ.
Тој кажа дека на секаков начин иницираат други теми, за да ја дефокусираат јавноста од нивниот криминал.
„Оние кои купуваа трговски центри, оние кои имаат милиони евра во возен парк и оние кои не знаат што да прават со парите, сега тие се вознемирени, не знаат како да го заштитат капиталот, а правдата е спора и се доближува до нив. И сега се прават маченици, за кога ќе им тропне полицијата да речат дека се апсат поради јазикот, а украле десетици милиони евра“, рече Мицкоски, пренесува ТВ21.