Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека стратешките односи со САД претставуваат темел на националната стабилност и економскиот развој, по средбата со Ричард Гренел на маргините на Минхенска безбедносна конференција.
Мицкоски оцени дека разговорите биле одлични и нагласи дека во услови на глобални предизвици, продлабочувањето на партнерството со САД е од суштинско значење за безбедноста и економскиот напредок. Говорот на американскиот државен секретар Марко Рубио го оцени како инспиративен, посочувајќи на потребата од заедничко справување со безбедносните и економските предизвици меѓу Европа и Америка, вклучително и во рамки на НАТО.
Во Минхен, премиерот се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, при што разговарале за безбедносната состојба во Европа и потребата од праведен и одржлив мир.
Остварени беа средби и со холандскиот премиер Дик Схоф, со Џаред Коен од Goldman Sachs, како и со Тед Дојч од American Jewish Committee.
Во состав на македонската делегација се и министрите Тимчо Муцунски, Владо Мисајловски и Панче Тошковски.
