Мицкоски се сретна со Гутереш во Њујорк: Потврдена одличната соработка меѓу ОН и Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

На средбата, како што соопшти канцеларијата на Гутереш, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Северна Македонија.

Гутереш и Мицкоски разговарале и за европската интеграција, регионалната соработка и поддршката за мултилатерализмот.

Средбата се одржа за време на посетата на Мицкоски на Њујорк, каде што учествува на 81. сесија на Генералното собрание на ОН. Претходно, македонскиот премиер се обрати и на сесијата на ГС на ОН.