Премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамките на колективната одбрана.
Ја реафирмирав нашата цврста определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.
Средбата претставува потврда за силното партнерство и заемната доверба, како и за нашата решеност да продолжиме да делуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
