Еквадор приреди големо изненадување на Светското првенство и вечерва ја совлада Германија со 2:1 во последното коло од групата Е, оставајќи ја германската селекција без максимален ефект во групната фаза.
Германците поведоа уште во 2. минута преку Лерој Сане, но Еквадор брзо возврати и израмни преку Нилсон Ангуло во 9. минута. Победничкиот гол за јужноамериканската репрезентација го постигна Гонзало Плата во 77. минута од натпреварот и го донесе големиот пресврт и надеж за пласман понатаму.
По завршувањето на натпреварите во групата Е, Германија останува прва со 6 бодови, додека по вечерашната победа над Курасао со 2:0, Брегот на Слоновата Коска се втори на табелата со 4 бодови, исто колку и Еквадор кој е третопласиран.
Но, Еквадор со оваа победа значително ги зголеми шансите за пласман меѓу најдобрите селекции како една од 8-те третопласираните репрезентации што ќе одат во понатамошната нокаут-фаза, но ќе мора да ги чека резултатите од групите што сè уште не се завршени.
