Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. За време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд. Во среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
