Мицкоски се сретна со Сијарто: Пријателите се познаваат во неволја, благодарам за помошта од Унгарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во седиштето на опозициската партија го прими министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто кој додели помош за земјава за справување со коронавирусот.

Мицкоски се заблагодари за помошта од пријателската земја.

„Нашиот народ вели пријателите се познаваат по неволја, а Македонија има
пријатели. Благодарност до Унгарија и до целиот унгарски народ што во вакви тешки моменти демонстрира хуманост и споделува помош која е добредојдена за оние кои што се во првите линии во борбата против оваа пандемија на корона.

Воедно благодарност и до унгарскиот премиер Орбан и министерот за
надворешни работи Петер Сијарто, што ова е прва меѓудржавна посета откако се затворија границите и настана кулминацијата на пандемијата со корона. Во услови на затворени граници ова е официјална посета на земја члена на Европската Унија во овие кризни времиња.

Благодарност и за брзата реакција на унгарската влада. Минатата недела
остваривме комуникации и соопштивме дека е потребно помош, а денес таа помош се реализира.“, рече Мицкоски.

Сијарто истакна задоволство што е во земјава, и што Унгарија и Македонија градат силни меѓународни односи.

„Причината што сум тука денес е телефонскиот повик кој го добив од
Христијан Мицкоски минатата недела. Повик во кој тој потенцираше дека постои потреба од хуманитарна помош од Унгарија со цел заштита и спречување на ширењето на пандемијата која ни се случува.

Поради тоа ние одлучивме да помогнеме на пријателскиот народ во
Македонија, поради тоа јас денес донесов 100 илјади маски и 5 илјади заштитни одела да ви помогнам во мерките за заштита.

Тоа можеме да си го дозволиме затоа што воздушниот мост помеѓу Унгарија и Народна Република Кина функционира добро и имаме и целосна линија за
производство овозможена од Кинезите и сега можеме да започнеме да продуцираме маски самите.

Откако ја предадов донацијата на министерот за внатрешни работи, разбрав
дека ова ќе им помогне на вашите полициски службеници со тоа што тие ќе бидат побезбедни“,