Србија: Излезноста на изборите до 19 часот достигна 67,6 отсто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Излезноста на предвремените парламентарни избори во Србија до 19 часот достигна 67,6 отсто, покажуваат официјалните податоци на ИПСОС и ЦеСИД.

Според објавените информации, повеќе од две третини од запишаните избирачи го оствариле своето право на глас до еден час пред затворањето на избирачките места.

Гласањето во Србија се одвива на предвремените парламентарни избори, а избирачките места се отворени до 20 часот.