Речиси 65 отсто излезност на изборите во Србија до 18 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Излезноста на предвремените парламентарни избори во Србија до 18 часот достигна 64,89 отсто, соопшти Републичката изборна комисија (РИК) на прес-конференција.

Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, изјави дека гласањето на повеќето избирачки места се одвива уредно, иако се забележани неколку помали неправилности.

Тој посочи дека гласањето постепено се приведува кон крајот и дека избирачките места ќе останат отворени до 20 часот. Сепак, доколку во тој момент има избирачи кои сè уште чекаат да гласаат, гласањето ќе продолжи и по официјалното затворање.