Мицкоски: Сме ги виделе метлите и офанзивите на СДСМ – доаѓа македонска пролет, надеж, иднина!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По синоќешните најави на Заев за промени во СДСМ, денеска со став се јави и неговиот опонент лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Откако најавив македонска пролет, ги слушам најавуваат пролетна офанзива. Сме ги виделе и нивните метли и нивните офанзиви. Она што со сигурност доаѓа, е македонската пролет, нова надеж, наша иднина!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ започна и процес за нови членови во партијата, а претходно превирањата околку вонреден конгрес беа одложени од самите организатори.