Мицкоски со две опции за коридорите – Европски фронт: Поништувањето договори, неприфатлив и невозможен чин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бехтел и Енка е најновиот член на Економската комора, извести денеска претседателот на комората Бранко Азески. Спроед него, на разговорите е нагласано дека конзорциумот е  на врвот на активностите и ќе има потреба од 4 илјади работници од различни сектори. Зборуваше и за најавите на Мицкоски за разгледување на договорот за изградбата на коридорите 8 и 10д

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера рече дека постојат две опции за договорот за коридорите што ги презеде Бехтел и Енка.

Реагираа и од Европскиот фронт велејќи дека поништувањето на договорот за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјава е неприфатлив чекор и невозможен, бидејќи е од витално значење за економијата на земјава.

Ниедна влада не може да го поништи договорот со конзорциумот Бехтел и Енка. Договорот со Бехтел и Енка е потпишан според сите законски одредби, коректно од секој аспект и никој не може да ја оцрни коректноста на неговата содржина и доброто што и го носи на земјава неговата реализација“, велат од Европскиот фронт.

На крајот, од ЕФ поставуваат едно јавно прашање, дали албанската опозиција ВРЕДИ е против коридорот 8?