Мицкоски со видео порака: Од утре исплаќаме повисоки пензии!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави видео порака во која се вели дека утре (1-ви октомври) ќе бидат исплатени повисоките пензии.

„Ја користам оваа прилика да ви честитам поголеми пензии кои што ќе започнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите станува реалност“, вели Мицкоски.

Тој истакна и дека утре на пладне ќе биде отчетот на Владата каде што ќе може да се види што е направено во овие 100 дена.