Мицкоски: Средбите со Мерц и со Макрон ми даваат оптимизам за членството во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски се врати во Скопје по Самитот ЕУ-Западен Балкан, и денеска беше во посета на Институтот за Јавно здравје. Потоа даде изјава пред новинарите во која даде оптимистички изјави за процесот за членство во ЕУ.

„Јас бев единствениот од земјите од Западен Балкан кој имаше средби со Мерц и Макрон, и точно знам што се зборуваше на тие средби, и што ќе следи во перидот кој е пред нас. Дел од планот подразбира и завршување и затворање на одредени кластери, а тоа значи почеток на преговори. На самите состаноци јас го пренесов ова кое го зборуваме целиот изминат период. Од страна на соговорницте добив одговори и тие ме прават оптимист. Не е точна тезата дека се потребни измени на договори за планот да функционира“, изјави Мицкоски.