Мицкоски: Владиното мнозинство не ја прими иницијативата за одложување на пописот, почнуваме да собираме граѓански потписи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на „Фејсбук“ објавид дека владиното мнозинство денеска не ја примила граѓанската иницијатива за одложување на пописот. Тој најави од утре собирање на граѓански потписи за одложување на пописот.

„Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.

На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот.“, напиша Мицкоски.

Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, February 9, 2021