Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Твитер профил посочува дека денес земјата влегла во рецесија со пад на БДП од 5.77% во првите 9 месеци.
„Ги нема Facebook и Google, но ги нема ни оние 5 инвестиции кои ги најави Заев на нашето последно соочување во МТВ. Денес влеговме во рецесија со пад на БДП од 5.77% во првите 9 месеци. Ниту можат, ниту знаат! Oставки поради предавство и неспособност, а потоа следи одговорност!“, пишува Мицкоски.
Ги нема Facebook и Google, но ги нема ни оние 5 инвестиции кои ги најави Заев на нашето последно соочување во МТВ.
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) December 7, 2020
Денес влеговме во рецесија со пад на БДП од 5.77% во првите 9 месеци.
Ниту можат, ниту знаат! Oставки поради предавство и неспособност, а потоа следи одговорност!
