Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кочани оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, по повод една година од пожарот во кој загинаа 63 лица.
Тој се потпиша во книгата на жалост, како чин на почит кон настраданите и израз на солидарност со нивните семејства, а присуствуваше и на комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ што се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“.
„Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа“, напиша Мицкоски.
Тој порача дека споменот за загинатите треба да остане вечен, нагласувајќи дека заедништвото и човечноста треба да бидат сила што ќе ја води земјата напред.
„Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети“, истакна Мицкоски.
